Мишевски: Светското првенство ќе биде голема шанса за нас младите!

106

По пауза од речиси еден месец во составот на македонската репрезентација се враќа Марко Мишевски. Вардарецот поради повреда не настапи на првите бараж дуелите со Романија. Тој, како сите останати соиграчи во националниот дрес се надева на пласман на Светското првенство следната година.

Практично Мундијалот кој ќе се одржи во Полска и Шведска ќе биде почеток на новата Македонија. По завршување на двата баражи со Чешка, последната пречка до остварување на оваа цел, со репрезентативниот дрес ќе се простат Кирил Лазаров и Филип Миркуловски, а можеби уште некое искусно име.

Мишевски како останатите со респект гледа кон пресметките со чешките ракометари, но очекува Македонија да излезе како победник.

„Се чувствувам добро, физички и психички сум подготвен да одговорам на поставените задачи. Не чекаат две тешки средби против Чешка, се надеваме на позитивен резултат. Од саботата максимално сме насочени кон подготовка за противникот, правиме видео-анализа, максимално го користиме времето.

Чешка е фаворит,  но ние ќе дадеме се од себе да се пласираме на тоа Светско првенство, кое ќе биде голема шанса за нас младите, секако и за останати. Веруваме во нашите квалитети, долго време сме заедно, веќе се навикнавме на новиот систем“, изјави Мишевски.

Чешка е домаќин на првата средба со Македонија, дуелот се игра во среда, реваншот е закажан за четири дена подоцна во Скопје.

ПретходноФОТО НА 27.КОЛО: Тинте и Максимов во еуфорија!
СледноДа го затвориме голот на Чешка – за да можеме да „полетаме“ кон СП (ФОТОГАЛЕРИЈА)