Тренерот на Баерн Минхен Јулијан Нагелсман и се закани на Виљареал пред реваншот на двата тима во ЛШ кој ќе се одигра во вторник на „Алијанц арената“ во Минхен. Шампионот на Германија го загуби дуелот во гости со 1:0.
„Направивме многу грешки во првиот меч. А тие направија само една – нè остави во живот. И ние ќе мора да ги казниме за тоа“, кажа Нагелсман на прес-конференцијата повикувајќи се на тоа дека Виљареал можел да им даде три или четири гола.
„Треба да одиграме цврсто и агресивно. Играчите добро знаат да одиграат вакви натпревари. Влогот е голем, треба да вложиме многу труд на мечот“, вели тренерот на Баерн.
Дома Меѓународен фудбал Лига на шампиони Нагелсман: Виљареал направи една грешка – нè остави во живот