Тренерот на Милан, Стефано Пиоли по рмеито со Торино синоќа, даде свое видување на трката за Скудетото.
„Во последните две-три недели се сопнуваат сите оние кои важат за фаворити. Имаме многу конкурентна лига, сите натпревари се тешки, никогаш не можете да размислувате однапред и не можете никого да го сметате за сигурно добиен. Сите знаеме колку се важни овие натпревари. Колку е поблиску крајот на сезоната, толку е поважен секој бод. Самите го сакавме овој притисок и да бидеме во оваа ситуација, затоа треба да се поздрави се што направивме до сега. Имаме млад тим, на врвот сме и се бориме за нешто значајно“, вели Пиоли.
На прашањето кој според него е фаворит за Скудетото во моментов, тој додаде:
„Не сакам да зборувам така. Не заборавајте дека пред три недели бевме наречени супер фаворити, по нас Наполи, па Интер. Крајот е близу“, рече Пиоли.