Скандалозно: „Борис Трајковски“ како кочина! Ракометарите дочекани со птичји измет, пикавци, барски маси (ФОТО)

4203

Птичји измет, пикавци од цигари, расфрлани столчиња, барски маси… Ова ги дочека денеска македонските ракометари во салата на СЦ „Борис Трајковски“ во пресрет на последните тренинзи пред заминувањето на првиот меч од клучниот двомеч со Чешка за пласман на Светското првенство.

Место насмевки и позитивно расположение, ракометарите ги пречека тотален неред во салата каде викендов имаше концерт на фолк-ѕвезда од соседството. Арената која беше симбол на македонските репрезентативни успеси, утрово личеше на вистинска кочина.

Фотографиите најдобро зборуваат за нередот и шокот кој ги дочека ракометарите пред тренинзите на кои треба да се готви стратегијата за првиот меч во Злин в среда. Да не заборавиме дека во оваа сала треба в недела да го одиграме и реванш-натпреварот со Чесите.

Срамота!

ПретходноЈувентус има решение за Дибала, ќе го замени со Асенсио
СледноПроклетството на Халилхоџиќ: Ги однесе на СП во Катар, па сега му подготвуваат отказ