Судиската комисија со потврда: Имаше пенал во Ѓорче за “лавовите“

548

Како што е вообичаено, после секое коло во ПМФЛ Судиската комисија при ФФМ дава извештај за спорните моменти од сите натпревари, се разбира доколку ги има.

Во текот на вчерашниот ден имаше дилеми во јавноста за пеналот кој беше досуден во корист на Македонија ЃП на мечот со Брегалница. Сепак Судиската комисија потврди, по анализата, дека судијата исправно постапил што покажал пенал за домашните.

Еве што стои во соопштението на Судиската комисија:


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 27 коло на 1 МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

–  На натпреварот  ФК Академија Пандев – ФК Пелистер одигран на 10.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 49 -та  минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

49. минутаИсправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метра). Играч на Академија Пандев ја имаше топката во свој посед и беше во полн налет, странично од голот на Пелистер. Врз него стартуваше играч на Пелистер со интензитет (на ногата на играчот на Академија Пандев) и направи прекршок на линијата на шеснаесет метра. Бидејќи линијата е составен дел од шеснаесетникот исправна е одлуката на судијата, досуден е удар од 11 метра.

–  На натпреварот ФК Македонија – ФК Брегалница одигран на 10.04.2022 година, анализирана е ситуацијата 77. минута.

Главен судија: Игор Стојчевски; Помошни судии: Даниел Василевски и Слаѓан Марковски;

77. минутаИсправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метра). Играч на Македонија Ѓ.П. беше во посед на топката во шеснаесетникот на Брегалница. Пред да ја шутне топката кон голот на Брегалница врз него стартуваше со интензитет од зад грб (сопнување на ногата што требаше да шутира) играч од одбраната на Брегалница.

Исправна одлука на судијата, досуден удар од 11 метри.

–  На натпреварот ФК Струга Трим Љум – ФК Скопје одигран на 10.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 2. и 48. минута.

Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Христијан Џонов и Александар Ѓорѓевски;

2. минутаИсправна проценка на судијата (не досуден удар од 11 метри). Играч од нападот на Струга беше во посед на топка во шеснаесетникот на Скопје, на него од зад грб стартуваше играч на Скопје и дојде до минимален контакт без интензитет. Исправна одлука на судијата што дозволи играта да продолжи, нема удар од 11 метри.

48. минута: Исправна проценка на судијата (не досуден удар од 11 метри). Играч на Струга беше во посед на топката во шеснаесетникот на Скопје. Истиот играч сакаше да ја додаде топката до соиграч, меѓутоа топката го удри играч од одбраната на Скопје во рака, која беше во природна положба и со мала дистанца помеѓу двата играчи. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, нема удар од 11 метри.

–  На натпреварот ФК Работнички – ФК Тиквеш одигран на 10.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 14. минута.

Главен судија: Александар Грујовски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски;

14. минута: Исправна проценка на судијата (не досуден удар од 11 метри). Во шеснаесетникот на Тиквеш стартуваа на топка  двајца играчи од двете екипи која не беше во ничив посед и дојде до минимален контакт без интензитет. Исправна одлука на судијата играта да продолжи.

Дополнување на судиска анализа од 22. коло 2. МФЛ – ИСТОК

–  На натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Кит Го одигран на 09.04.2022 година анализирана е ситуацијата од 50. минута.

Главен судија: Дени Лековски; Помошни судии: Петар Степановски и Николче Дрнковски;

50. минутаИсправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метри). По една центрирана топка од играч на Саса странично од голот на Кит Го топката го удира во рака одбранбениот играч на Кит Го кој се наога во свој  шеснаесетник, раката во моментот на удар беше одвоена од тело и со зголемен волумен, преземајќи го целиот ризик. Досудениот пенал е по консултација со првиот помошен судија, кој има одлична позиција да ја донесе правилната одлука. Исправно досуден удар од 11 метри.

Меѓутоа, судиската комисија не е задоволна од менаџирањето на судијата на овој меч, бидејки има пропуштено неколку дисциплински мерки.

ПретходноЛејкерс ќе му дадат „клоца“ на тренерот Фогел
СледноКузмановски: Нема да калкулираме, во Злин одиме по цел плен!