Уште еднаш се покажа дека Гаги Маргвелашвили, стоперот од Грузија ќе биде големо засилување за Шкупи. И не само што игра добро во одбраната на тимот на Гоце Седлоски, туку знае да дава и магични голови. Како оној вчера против Борец, кога со „ножички“ шутираше и погоди за 3:1. Според нас токму Гаги е играч на колото. Покрај него од Шкупи во тимот на колото е и Адетунџи, првиот “бомбардер“ во лигата кој и вчера постигна гол.
Работнички го победи и Тиквеш, во идеалниот состав се стрелецот Максимов и голманот Мустафа. Од Струга ТЛ тука се Радиќ и Шабани, од Шкендија капитенот Ферхан Хасани кој постигна маестрален гол од слободен удар, а од Ренова Шефити и Илиески. А. Пандев го победи Пелистер, а стрелец на првиот гол беше Митровски, секако дека тука е и Џокиќ од Брегалница.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ГАГИ МАРГВЕЛАШВИЛИ
Тим: Шкупи
Роден: 30.10.1996 во Грузија
Кариера: Сабуртало, Динамо Батуми (Грузија), Шкупи