Јувентус има решение за Дибала, ќе го замени со Асенсио

133

Јувентус ја компликува ситуацијата околу евентуалниот трансфер на марко Асенсио од Реал во екипата на Милан. Откако се појавија информации дека „росонерите“ се во напредни преговори со Реал за младиот Шпанец, сега стигнува информација дека во борбата за неговиот потпис се вклучи и „Старата Дама“.

Информациите од Италија велат дека Јувентус се обидувада го донесе Марко Асенсио во тимот за следната сезона, како приоритетна замена за напаѓачот Пауло Дибала, кој ќе го напушти клубот ова лето како слободен играч.

26-годишниот Асенсио оваа сезона одигра 33 натпревари за шпанскиот тим, но не го продолжи договорот кој му истекува за една година.

Милан објави дека е подготвен да плати 25 милиони евра за играчот и многумина веруваат дека токму „росонерите“ се фаворити за неговиот потпис. Прашање е што Јувентус ќе му понуди на Асенсио и Реал за да го расипе трансферот на фудбалерот во Милано.

ПретходноПорто е нов апсолутен рекордер: „Змејовите“ 57 меча не знаат за пораз!
СледноСкандалозно: „Борис Трајковски“ како кочина! Ракометарите дочекани со птичји измет, пикавци, барски маси (ФОТО)