Болоња ја совлада Сампдорија, Арнаутовиќ како Саволди на времето (видео)

123

Австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ е најзаслужен за победата на Болоња над Сампдорија во 32. коло на италијанската Серија А. Вечерва на „Ренато дал’Ара“ екипата на Болоња победи со 2:0, а Арнаутовиќ ги постигна двата гола во второто полувреме.
Болоња е 12-та на табелата и ја забележа 10-тата победа, а Сампдорија е шест места подоле.
Арнаутовиќ е првиот фудбалер по Џузепе Саволди кој успеал да постигне пет едноподруго голови за Болоња во Серија А. Тоа на Саволди му успеало во 1973 година.

ПретходноПандев и Парма поразени на гостувањето кај Бреша!
СледноДимитриевски на голот, Рајо одигра нерешено со Валенсија (видео)