Долгогодишниот репрезентативец на Колумбија, Фреди Ринкон имал собраќајна несреќа близу до неговиот дом, откако се судрил со автобус. Тој се здобил со тешки повреди и се наоѓа во интезивна нега.
Според тамошните медиуми некогашниот фудбалер на Реал Мадрид поминал на црвено светло со голема брзина и се удрил во автобус кој во тој момент поминувал. На интернет се појави и видео-снимка од овој момент. Во собраќајната несреќа повредени се четири особи, но сите освен Ринкон се надвор од животна опасност.
Овој фудбалер се смета за една од најголемите ѕвезди, во 1995 година направи сензационален трансфер во Реал Мадрид. Во Шпанија не се снајде добро, но затоа одлично се претстави во Бразил. Играше на три Светски првенства за Колумбија, на 84 настапи постигна 17 голови.
Momento exacto del accidente entre bus del MIO y camioneta particular , uno de sus ocupantes el exjugador de fútbol Freddy Rincón . pic.twitter.com/LScjOhFD8E
— Viva Las Noticias Cali (@vivalasnoticias) April 11, 2022