Медиумите во Полска тврдат: Левандовски кариерата ќе ја продолжи во Барселона!

64

Роберт Левандовски и дефинитивно одлучил ова лето да си оди од Баерн Минхен. Ова го тврдат медиумите во Полска, кои наведуваат дека еден од најдобрите фудбалери во светот, веќе имал разговор со челниците на “баварците“ и дека им посочил дека нема намера да потпишува нов договор. Инаку се шпекулира дека Левандовски во јуни ќе се пресели на “Камп Ноу“. Имено тој веќе имал разговори со раководството на Барселона, кое му ветило дека ќе му ги исполни личните услови и дека ќе му даде повеќе годишен договор, она што Баерн одбива да го стори.

ПретходноЛегендата со критики за Атлетико Мадрид: Укинете го офсајдот, ова веќе не е фудбал!
СледноПешевски: Во Злин треба да си совршен за да дојдеш до позитивен резултат!