Паника во Милан: Дали ова е крај…Златан поради повреда ја завршува кариерата!?

619

Милан како полека да го губи здивот во битката за титулата. На последните два меча освои само два бода, иако сеуште е лидер, Интер вече опасно му се приближи. Шампионот има бод помалку од Милан, но и натпревар помалку.

Сепак во Милан и поради нешто друго владее паника, а посебно меѓу фановите на овој фудбалски гигант. Имено вестите околу Златан Ибрахимовиќ не се добри. Дури се шпекулира дека Швеѓанецот би можел и пред да заврши оваа сезона да стави крај на својата кариера, дека минатонеделниот меч со Болоња најверојатно бил последен за Златан. И не само поради повредата на главата, со која се здоби токму на тој меч, туку и поради повредата на коленото.Повреда која веќе извесно време го мачи најдобриот фудбалер на Милан.

ПретходноЖенската ракометна репрезентација на 28. април ќе ги дознае противниците за ЕП 2022
СледноКОМЕНТАР НА 27.КОЛО: Чаир ќе слави титула на 23 април….некој НОВ Работнички!