Бобан Грнчаров е наследникот на Никола Глигоров на клупата на Вардар. Некогашниот капитен на Вардар и репрезентативец, досегашниот помошник на Глигоров во наредниот период како В.Д. ќе го води тимот во Втората Лига – Запад. Се чини очекувана одлука,ако се знае дека Вардар веќе ги загуби шансите за враќање во елитата, па Грнчаров само ќе треба да ја заврши сезоната, а потоа клубот да добие ново тренерско име,квалитетно и искусно.
Инаку Грнчаров е трет стратег сезонава кој ќе го предводи Вардар. Прво тоа беше Горан Симов, а до пред два дена Никола Глигоров.