Проклетството на Халилхоџиќ: Ги однесе на СП во Катар, па сега му подготвуваат отказ

602

Босанскиот фудбалски стручњак Вахид Халилхоџиќ (69) е пред отказ од клупата на мароканската фудбалска репрезентација, иако прфед извесно време ги однесе на Светското првенство во Катар оваа година.

Тој стана првиот селектор кој успеал да однесе четири различни репрезентации на Мундијалот, но таму го предводеше само Алжир, бидејќи доби отказ на клупата на Брегот на Слоновата Коска и Јапонија непосредно пред почетокот на СП.

Истата судбина најверојатно ќе го снајде и на клупата на Мароко. Според информациите кои доаѓаат од Мароко, Фудбалскиот сојуз на оваа земја одлучил да му врачи отказ на Халилхоџиќ и одлуката ќе биде официјализирана оваа недела.

Халилхоџиќ е критикуван од мароканската јавност поради тоа што ги избрка најголемите ѕвезди од репрезентацијата, пред се Хаким Зијех и Нусаир Мазрауи. Навивачите бараат нивно враќање и заминување на 69-годишниот селектор од клупата.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Мароко, Фузи Лекја, пред неколку дена најави дека за Мароко во Катар ќе играат најдобрите играчи кои ги има оваа земја и дека во репрезентацијата никој не е недопирлив, па ни селекторот.

„Вахид Халилхоџиќ има поддршка од Фудбалскиот сојуз на Мароко. Но, ниту тој, ниту јас или некој друг не сме недопирливи и незаменливи“, изјави Лекја и ја започна приказната за исфрлените фудбалери од репрезентацијата.

„Работиме напорно за да ги вратиме играчите во националниот тим. Има проблеми што може да се поправат и ќе се поправат за да се вратат Мазрауи, Зијех, Хамдала и другите во националниот тим“, рече тој.

Но, за да се вратат овие фудбалери, Вахид мора да си оди, затоа што тоа е условот и на Зијех и на Мазрауи.

ПретходноСкандалозно: „Борис Трајковски“ како кочина! Ракометарите дочекани со птичји измет, пикавци, барски маси (ФОТО)
СледноБенфика му одговори на Манчестер Ј.: Ако го сакате Нуњез вадете 127 милиони евра!