Атлетико заврши уште еден трансфер, доаѓа играч за врска на Марсеј

152

Атлетико Мадрид веќе работи на засилувања на екипата за идната сезона, а откако го договори трансферот на талентираниот Бразилец Самуел Лин, на „Метрополитано“ доаѓа и играчот за врска на Марсеј Бубакар Камара. Според „Марка“ Камара ги прифатил условите на „јорганџиите“ и на лето како слободен фудбалер ќе дојде во Мадрид.
Инаку Атлетико во јануари се обидел да се договори со Марсеј околу овој играч но не успеал. Сега поранешниот младински француски репрезентативец доаѓа без обештетување.

ПретходноПобеди па со глуп потег си ја „закопа“ кариерата (видео)
СледноМиркуловски: Мора да внимаваме на нивните бекови, шансите се 50-50!