Виљареал го исфрли Баерн за прво полуфинале во ЛШ после 16 години (видео)

212

Екипата на Виљареал го продолжи сонот, по елиминацијата на Јувентус, вечерва успеа да го елиминира и Баерн и да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тоа е втор пласман на „жолтата подморница“, инаку актуелен освојувач на Лигата на Европа, во полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот се случи во дебитантскиот настап, во сезоната 2005/06 кога беа запрени од Арсенал.
Виљареал допатува во Минхен со предност од 1:0 од првиот меч. На „Алијанц арената“ Баерн е неприкосновен, ривали тука паѓаат како покосени, но не и Виљареал. Шпанскиот тим добро се бранеше, трпеливо ја чекаше својата шанса и удри во финишот.
Прво Левандовски во 52. минута го доведе Баерн во водство, а во 88. минута Чиквуезе го тресна Баерн.
Виљареал е во полуфинале, Баерн е во аут.

ГОЛОТ НА ЛЕВАНДОВСКИ ОВДЕ

ГОЛОТ НА ЧИКВУЕЗЕ ОВДЕ

ПретходноБрентфорд се препороди откако Ериксен е на теренот
Следно„Кралевите“ си ја спасија кожата – од амбисот до пласман во полуфинале (видео)