ЛШ: Челзи првпат гостува на „Бернабеу“, а мора да брка два гола негатива

144

Шпанскиот великан Реал Мадрид вечерва од 21 часот го пречекува Челзи во реванш четвртфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Лондон заврши со победа на мадриѓани од 3:1, па вечерва задачатана момците на Анчелоти ќе биде да си го завршат започнатото на „Стемфорд Бриџ“.

Избраниците на Томас Тухел имаат два гола негатива, што се чини и тешка и непремостива цел. Гостите нема да сметаат на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, кој е повреден, но добра вест за Тухел е враќањето на Сезар Аспиликуета, кој беше болен од Ковид-19 . Во текот на викендот, Челзи го врати расположението со победата од 6:0 над Саутемптон и ќе се обиде да ја пренесе и на „Сантијаго Бернабеу“ вечерва.

Анчелоти беше задоволен од веста за враќањето на левиот бек Менди, кој го пропушти последниот првенствен натпревар. Сепак, Едер Милитао, кој е казнет, ​​е надвор од плановите на Италијанецот. Неговото место во стартиот тим веројатно ќе го заземе Начо.

Интересно, Челзи за првпат во својата историја гостува на Сантијаго Бернабеу. Лошата вест за лондончани е што ниту еден клуб досега не бил успешен на првото гостување во домот на Реал.

Многу поинтересно ќе биде во Минхен, каде Баерн ќе се обиде да ја анулира предноста од 1:0 на Виљареал обезбедена пред една недела во Шпанија.

Вечерва на Алијанц Арена, домаќините немаат право на грешка и ќе се обидат да ја поправат формата која не им е за фалење. Шпанците се надеваат дека и вторпат можат да го изненадат фаворитот, а евентуалното испаѓање од шпанскиот тим ќе биде сериозен удар за угледот на шесткратниот освојувач на Лигата на шампионите.

Нагелсман денеска нема да смета на Никлас Зиле кој е болен. На неговото место во центарот на одбраната ќе почне Лука Ернандез. Лево ќе биде Алфонсо Дејвис, кој го пропушти поголемиот дел од сезоната поради коронавирус и проблеми со срцето. Надвор од тимот е и напаѓачот Ерик Максим Чупо-Мотинг, кој се уште не е опоравен од повредата на коленото.

ПретходноДа се поправиме против Луксембург
СледноСабате: Да не нè залажува 22. место на Македонија на последното ЕП