Поранешниот фудбалер на Наполи и Реал Мадрид, Фреди Ринкон е во критична состојба во болница, откако автобус налетал на неговиот автомобил. Заедно со Ринкон во автомобилот имало уште три лица и сите освен поранешниот фудбалер поминале со полесни повреди.
Лекарите рекле дека состојбата на Ринкон е многу сериозна, а неговиот пријател Хамилтон Рикар не звучел оптимистички кога разговарал со новинарите пред болницата. „Дури и да преживее, ќе има многу последици. Сега можеме само да се молиме и да чекаме“, рече Рикар.
“Лекарите ни ја кажаа вистината за неговата состојба. Ако добиеме добри вести, тоа ќе биде вистинско чудо. Фреди беше примен во болница со четири проценти работа на мозокот, а операцијата траеше речиси три часа”, додаде пријателот на некогашниот фудбалер.
El fuerte accidente se registró sobre la madrugada de este lunes. #NoticiaEnDesarrollo pic.twitter.com/zmA75t7rwL
— Viva Las Noticias Cali (@vivalasnoticias) April 11, 2022