Арнаутовиќ: Победата е за Синиша Михајловиќ… тој ми е како татко и брат

567

Интернационалецот од Австрија, и прв напаѓач на тимот на Болоња, Марко Арнаутовиќ беше двое стрелец синоќа во триумфот на неговиот тим на мечот против Сампдорија. Искусниот напаѓач ги посвети погодоците, на тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ кој во моментов е на лекување од леукемија.

„Погодив да. Одигравме одличен меч. Покажавме карактер, игравме за Михајловиќ. Направивме се за да победиме за него. Михајловиќ го гледам не како тренер, туку како татко и брат“ – изјави Арнаутовиќ по мечот.

 

 

ПретходноЛазаров со дополнителен повик: Мартин Поповски се враќа во репрезентацијата
СледноМитревски: Ако Чешка брка голема позитива – си создава притисок! Ние треба да ја гледаме нашата игра!