Женската репрезентација на Македонија доживеа пораз со 2:1 на гостувањето во Луксембург во рамките на квалификациите за СП 2023. Интересно е што нашиот тим поведе во првата минута со голот на интернационалката Рочи, но до крајот на првото полувреме домаќинките го свртеа резултатот со двата гола на Томсон.
Македонија го доживеа седмиот пораз во групата и е претпоследна со три бода. Луксембург е четврти со девет бода.
До крајот на квалификациите Македонија ќе одигра уште два меча, со Летонија на домашен терен и во гости со Австрија и тоа во септември.