Игнатов: За дресот на Работнички мора да се „гине“

148

Работнички оствари две победи во низа откако кормилото по заминувањето на Борче Христов, го презеде Стојан Игњатов. Тренерот на „романтичарите“ вели дека не променил премногу во играта, туку едноставно низ разговор им објаснил на фудбалерите дека секоја минутка во дресот на Работнички е многу важна и треба да се заслужи и да се одработи на вистински начин.

„Работнички е институција во македонскиот фудбал, клуб со голема традиција. Добро го знам тоа од периодот кога јас го носев овој дрес и бевме шампиони. Истото го барам и сега од фудбалерите. Треба да се даде максимумот, да се испочитува дресот на клубот што значи многу во оваа наша Прва лига, но и во европски рамки. Само така можеме да очекуваме напредок, но и да бидеме чесни пред себе дека сме одработиле најдобро што сме можеле. И сакам да им честитам на фудбалерите, затоа што беа максимално одговорни и дисциплинирани во играта на двата претходни натпревари против Брегалница и против Тиквеш. Но, тие победи се зад нас и сега сме фокусирани на следниот предизвик, дуелот против Македонија ЃП во Ѓорче Петров“, вели Стојан Игнатов.

Работнички в сабота ќе игра против Македонија ЃП во 28. коло од Првата фудбалска лига.

ПретходноРакометарите летаат за Чешка по резултат за пласман на СП (ФОТО)
Следно„Л’Екип“: Има само еден фаворит за „Златната топка“ – Карим Бензема