Денеска почна судскиот процес против 11 италијански клубови и 61 директор поради финансиски проневери од трансфери на фудбалери. Дел од оваа истрага се Јувентус и Наполи. Според медиумите во Италија, обвинителот на Италијанската фудбалска федерација побарал остри казни за челниците на клубовите кои се под истрага, и кои ќе бидат лишени од можноста да ги извршуваат своите функции на одредено време.
Овој скандал ја потресе фудбалска Италија сериозно, а судската завршница допрва треба да ги означи последиците од истата.