Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп смета дека сегашниот тим му е најдобриот којшто некогаш го имал на „Енфилд“.
„Да, тоа е најсилниот. Составот е поширок и поквалитетен. Сите фудбалери се здрави и во форма. Откако сум тука, имав одлични состави, но да бидам искрен овој состав што сега го имам е најдобриот“, изјави Германецот.