Екипата на Реал Мадрид е полуфиналист во Лигата на шампионите откако вечерва преживеа во дуелот со европскиот првак Челзи. „Кралевите“ имаа комотна предност од 3:1 од првиот меч на „Стемфорд Бриџ“ и требаа само рутински да ја завршат задачата на свој терен. Но имаа негатива од 0:3, а во финишот дадоа гол за продолженија, а таму дадоа уште еден со што го потврдија местото во полуфиналето.
Но вечерва одиграа катастрофално, меѓутоа среќата им се насмевна во финишот и во продолженијата па се најдоа во полуфиналето. Челзи поведе со 0:3. Мејсон Маунт го отвори резултатот во првото полувреме, на стартот на вториот дел погоди Антонио Ридигер. Неколку минути подоцна Алонсо постигна гол за Челзи кој беше поништен поради играње со рака.
📺🔎🤔 Marcos Alonso había marcado el 3-0 para el Chelsea en el Bernabéu pero desde la cabina lo anularon por una mano del español. El video con la jugada. https://t.co/gSFzydgBbs
— Diario Olé (@DiarioOle) April 12, 2022
Меѓутоа Челзи запна и даде уште еден гол. Тимо Вернер се запиша во листата на стрелци на асистенција на Ковачиќ во 75 минута. Во тој момент Челзи беше полуфиналист. Но во 80. минута после неверојатната асистенција на Модриќ, патот до голот го пронајде Родриго со што Реал избори продолженија.
Во 96 минута на Карим Бензема на асистенција на Винисиус даде гол со што Реал здивна па и покрај поразот отиде во наредната фаза.