Една од легендите на зимскиот спорт во поранешна Југославија Примож Улага е осуден условно на 23 месеци затвор затоа што на чело на Скијачкиот сојуз на Словенија земал мито. Улага (59), кој освоил сребро на Олимписките игри во Калгари 1988 година, призна дека земал мито и тоа преку спонзорски договори.
Условната казна ќе трае три години. На судот тој признал дека направил четири казнени дела, а пресудата станала правосилна затоа што двете страни се повлекле од поднесување на тужба.
Тој е обвинет од неколку скијачи дека барал пари од спонзорски договори. Улгата зел од двајца тренери и ски-скокачот Андраж Пограјц 25 отсто од спонзорските договори. Улага во 2013 година го напушти СС на Словенија поради лични причини откако се појавија информации за можна корупција во сојузот.