Мечот од последното коло во Будеслигата ќе остане запаметен во историјата како првиот кој бил прекинат од религиозни причини. Судијата Матијас Јолембек на неколку секунди го прекина мечот за да капитенот на гостите, Муса Ниакате се напие вода, односно го прекине рамазанскиот пост.
Ова наиде секако на општо одобрување како на актерите на теренот, така и во целата јавност.
„На полувремето го прашав судијата дали би сакал да го прекине мечот на неколку секунди и тој даде потврден одгоров. И да не го направеше тоа јас ќе го разберев“ – изјави Ниакате по мечот.