Недамна првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи изјави дека вредноста на ПСЖ станала многу поголема од времето кога дојде во клубот.
Инвестициониот фонд од Катар за да купи ПСЖ инвестираше 80 милиони евра, за да во следните десет години францускиот тим го направи еден од најмоќните во светот.
ПСЖ денеска има огромни приходи и дел од најдобрите фудбалери во светот. Потврда дека станаа еден од најпривлечните тимови во светот говори и доаѓањето на Лионел Меси.
„L’Equipe“ одлучи да се занимава малку со цифри. За да се одреди вредноста на тимот, мора да се собере клупската заработка. ПСЖ минатата сезона имаше приход од 556 милиони евра, а вредноста на секогашниот тим се проценува на 939 милиони евра, па доколку сака некој да ги купи „светците“ ќе мора да издвои 1,5 милијарди евра.
Во овој момент во ПСЖ немаат намера да менуваат ништо околу сопствениците, Ал-Хелаифи сигурно останува на чело на клубот, се додека не ја освои првата титулата во Лигата на шампиони. Тој откри дека одбил многу понуди, а пред извесно време се појави информација дека ПСЖ ќе го продаде после Светското првенство, истата веднаш беше демантирана.