Македонската ракометна репрезентација денеска (17:40 часот) со чартер лет ќе замине за Злин, каде утре против Чешка го игра првиот бараж меч за пласман на Светското првенство 2023 година.
На оваа средба како што беше најавено ќе има македонски навивачи на трибините. „Фалангата“ од Виена се организираше за дуелот во Злин, според најавите истата ќе брои околу 60. фанови. Во најава е еден автобус со навивачи и неколку автомобили.
Ракометарите постојано уживаат во поддршката на „Фалангата“ без разлика дали станува збор за големите натпреварувања или пак за квалификации.
Реванш натпреварот меѓу Македонија и Чешка се игра на 17 април во СЦ „Борис Трајковски“, билетите за оваа средба веќе се пуштени во продажба по цена од 100 денари.