У19: Пораз од Словенија во мечот за прво место

125

Македонската женска репрезентација до 19 години загуби во одлучувачкиот меч за прво место на турнирот во Словенија од домашната репрезентација со 1:0 во рамките на квалификациите од УЕФА Б лигата.

Нашата селекција стартуваше со две победи над Молдавија и Лихтенштајн, но денеска не успеа да слави и против домаќинот.

Селекцијата предводена од Астрит Мерко одигра добар меч, но Словенките со голот на Јанез во 22. минута сепак дојдоа до победата и првото место во групата.

ПретходноБешикташ не се откажува од Пјаниќ, иако Барса сака да си го врати во јуни
СледноСензација во Монте Карло: Ѓоковиќ елиминиран уште во првиот настап!