Ван Гал: Третманот за мојот канцер е успешен

82

Селекторот на Холандија, Луис Ван Гал објави, на воодушевување на светката јавност, дека третманите кои ги обавувал, а кои беа наменети за сузбивање на канцерот во неговото тело се успешни и дека тој се чувстува многу подобро во моментов.

Болеста кај него била дијагностицирана пред неколку месеци, а тој се лекувал сиот овој период без никој да дознае. За тоа време успешно ја обавуваше и својата функција селектор, Холандија се пласираше на Мундијалот во Катар, а Ван Гал на терапии одел во текот на ноќта само за фудбалерите, и секако јавноста не дознаат за тоа.

„Минувам низ сиот овој период. Имав 25 третмани, и лекарите ми рекоа дека мора да минат шест месеци, за да се види дали истите се успешни. Така и беше и сега се чувствувам многу подобро“ – изјави Ван Гал.

 

ПретходноМомент за историја, меч во Бундеслигата прекинат поради рамазански пост (ВИДЕО)
СледноКирил Лазаров со 18 ракометари патува во Злин