Вчера во Тетово изби пожар во под трибинскиот дел на Градскиот стадион.
Пожарот почнал откако најпрво се запалил дел од дуќаните под трибините, кој секогаш бил опасност за стадионот и беше во категоријата на небезбедни спортски објекти и без дозвола за меѓународни натпревари. Според информациите изгореле и дел од столчињата на една од трибините.
“На почетокот бевме доведени во опасност поради таканаречена појава на „фрлање на струјата“, односно ненадеен проток, кратки споеви и мали експлозии. Затоа што водата е спроводник на електрична енергија не можевме веднаш да интервениравме, па тоа беше направено откако беше исклучена струјата. Употребивме вода со пена за да се спречи понатамошното ширење на огнот. Изгореа и дел од столчињата на стадионот“, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна.