Миркуловски: Мора да внимаваме на нивните бекови, шансите се 50-50!

105

Филип Миркуловски, исто како и Кирил Лазаров, ги игра последните два меча во дресот на македонската репрезентација. Големиот борец се врати во националниот тим со цел да им помогне на идните генерации со процесот на созревање, а неговата најголема желба и круна на оваа жртва ќе биде пласман на Светското првенство 2023 година.

Искусниот репрезентативец е свесен дека Чешка, нашиот традиционален противник низ годините е поквалитетен против од Романија, но истовремено верува дека не изразит фаворит.

„Романија ја поминавме релативно лесно, не очекувавме дека биде така, но според мене одигравме два добри натпревари, особено тој во Скопје. Чешка е добро познат противник за нас, многу пати сме се среќавале во квалификациите за Европските првенства. Станува збор за поквалитетна репрезентација од Романија, но исто како против нив, така и со Чешка шансите се 50-50. Вториот натпревар го играме на домашен терен, според мене е подобра варијанта“, ни изјави Миркуловски.

Според него одбраната ќе мора да биде перфектна, главната цел е да се затвори добро нивната бековска линија.

„Се работи за стабилна екипа со ракометари кои играат во Првата и Втората германска лига. Имаат добра прва бековска линија, нивниот лев бек игра одлично во Германија во Втората лига. Кашпарек добро го знаеме сите, Бабак игра во Бундес-лигата, па првата постава им е одлична, но ротацијата им е послаба. Мораме да внимаваме на нивните бекови, секако имаат и добар голман.

Немаме видео-снимки од она што го играат, сепак станува збор за шпански систем, кој пак на Киро му е добро познат. Ќе се подготвиме најдобро, очекувам победа и пласман на Светското првенство“.

ПретходноАтлетико заврши уште еден трансфер, доаѓа играч за врска на Марсеј
Следно„Нека биде празник на кошарката, во недела сите да славиме пласман на МЗТ во АБА лига“