Очекувајќи го новиот албум со сликички за Светското првенство во Катар, интересна вест доаѓа од една од онлајн-аукциите за колекционерски картички од „Панини“. Имено, на последната онлајн-аукција, картичка со ликот на Лионел Меси е продадена за неверојатни 522.000 долари.
Картичката го покажува Меси како игра на Светското првенство во Бразил 2014 година. На тој турнир репрезентацијата на Аргентина успеа да се пласира во финалето, каде загуби од репрезентацијата на Германија со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Марио Геце. +
Лионел Меси беше прогласен за најдобар играч на тој Мундијал. Покрај оваа картичка, на последната аукција имаше и продажба на уште една картичка со ликот на Меси од сезоната 2004/2005. Овој Панини „деликатес“ беше проценет на 20.000 долари.
На аукцијата беше поставена на продажба и картичка Панини со ликот на Марадона која ја потпишал самиот Диего Армандо.