Ромањоли на пат за Рим

113

Капитенот на Милан и италијански репрезентативец, Алесио Ромањоли многу веројатно следната сезона ќе го носи дресот на Лацио. Тој на лето е слободен играч и според реномираниот италијански новинар, Николо Шира е на пат за Рим, каде што ќе стане дел од тимот на Лацио.

Клубот од Олимпико има намера да изврши реконструкција на тимот, особено во одбраната, а изборот е паднат очигледно на искусниот Ромањоли.

Тој би требало да потпише петгодишен договор со вредност од 3.2 милиони евра по сезона.

 

ПретходноКирил Лазаров со 18 ракометари патува во Злин
СледноЛазаров со дополнителен повик: Мартин Поповски се враќа во репрезентацијата