Фернандињо објави: Си одам од Сити и се враќам во Бразил

163

Играчот за врска на Манчестер Сити Фернандињо изјави дека нема да го обнови договорот со клубот и ќе го напушти по завршувањето на сезоната како слободен агент.
Можеби требаше да си отидам по сезоната 2018/19 кога го загубив местото во тимот. Беше тешко да го прифатам тоа. Сепак, решив да останам и да му помогнам на клубот. Но сега ќе си одам. Нема да го продолжам договорот. А зошто? Затоа што сакам да играм. Ќе се вратам во Бразил. Тоа го одлучивме со семејството кое е најважно во мојот живот“, изјави Фернандињо.
Тој има 1 гол и 2 асистенции во 23 меча во сите натпреварувања.

ПретходноРакометарите слетаа во Острава, од таму со автобус до Злин (фото)
СледноКлоп: Ова е најсилниот Ливерпул