Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, стана првиот тренер во историјата кој четири децении по ред се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Во 1999 година, Анчелоти го предводеше Јувентус до полуфиналето на Лигата на шампионите. Подоцна стигна до оваа фаза на турнирот со Милан (во 2003, 2005, 2006 и 2007 година). Како дел од Реал Мадрид, специјалистот стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите во 2014 и 2015 година, а истиот подвиг го направи и оваа година.
Во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Реал Мадрид по продолженија синоќа беше подобар од Челзи. Реал Мадрид во првиот натпревар го победи Челзи со 3-1, но во реваншот мадриѓаните загубија со истиот резултат во регуларните 90 минути, по што во продолженијата успеаја да постигнат гол за пласман во полуфиналето.