Петровиќ: Кога имаш ваква поддршка од навивачите не можеш да загубиш!

115

МЗТ Скопје успеа, иако малку потешко од посакувањата, да ја прескокне првата пречка на завршниот турнир од АБА 2 лигата. Совладан беше тимот на Сутјеска, а сега нашиот шампион го чека ривалот за полуфиналниот дуел во петок.

За тоа како го виде овој натпревар, свој коментар имаше Александар Петровиќ, тренерот на “металците“…

Тоа беше тежок натпревар, секако дека е добро што успеавме да победиме. Игравме малку во грч во нападот, но потоа успеавме да најдеме решение. Честитки за момците, јасно е дека кога имаш ваква атмосфера, кога имаш ваква поддршка од нашите навивачи не можеш да загубиш“ рече Петровиќ.

 

 

 

ПретходноЛШ состави: Клоп ги остави ѕвездите на клупа
СледноПОЛУВРЕМЕ: Македонија во Злин има три гола предност