Филип Талески: Можевме и тука да завршиме голема работа!

303

Македонија во Злин, на првиот меч од баражот за пласман на СП во ракомет ремизираше на гости кај Чешка со резултат 24-24. Исход кој секако дека не е лош, напротив, но останува горчината ако се знае дека имавме голема предност, до 45 минита ја контролиравме играта и резултатот, сепак во реваншот почнуваме од 0-0, место да имаме предност од неколку голови разлика.

И вечерва во Злин еден од нашите поединци беше Филип Талески, кој по мечот истакна…

Можевме и тука да завршиме добра работа, меѓутоа прокоцкавме голема предност. Имавме контрола до 42-43 минута, водевме цело време, имавме добра разлика. Квалитетна одбрана, исто така и напад. Изненадивме на почетокот од второ полувреме со брзите голови. Мислам дека дури се свестија тие ние требаше уште малку да нагазиме и да завршиме голема работа тука. Сепак што е тука е, овој нерешен резултат ќе не држи максимално сконцентрирани“ рече нашиот ракометар.

И покрај ремито, Талески смета дека Чешка е квалитетна репрезентација, а во Скопје очекува убава атмосфера и голема поддршка од трибините. Да, во Скопје ќе го бркаме пласманот на СП.

Чешка е квалитетен противник. И тие и ние имаме доволно време да се подготвиме за реваншот. За реваншот во Скопје репрезентацијата на Чешка нема што многу да смени, можат нешто во одбраната. Секако дека ние треба да се фокусираме на нашата игра, видовме дека имаме падови. Треба на реваншот да одиграме како што игравме до таа 45 минута. И ако биде така, тогаш мислам дека ќе ја оствариме целта. Не смеевме да дозволиме пад во финишот, но тоа треба да ни биде поука за во реваншот. Во Скопје со нас ќе ја имаме и поддршката“ посочи Талески.

ПретходноЛазаров: Задоволен сум, да ми понудеа реми пред мечот со две раце ќе прифатев
СледноМанасков дојде во Злин: Не можеше на терен, ги бодреше од трибини