Вардар нема каде да игра против Тетекс!?

1920

Како што дознава Спортмедиа, следниот меч на Вардар кој треба да се одигра против Тетекс во рамките од 23. коло ВМФЛ Запад сеуште нема одредиште каде да се одигра. Поточно, ФК Вардар кој е домаќин е во потрага по терен каде да го организира мечот.

Стандардните терени каде што досега Вардар ги играше мечевите од типот на „Борис Трајковски“ или комплексот „Петар Милошевски“ односно ФФМ во моментов се недостапни. На „Борис Трајковски“ во моментов теренот се реновира, и овој објект е недостапен, а немаме информација засега дали Вардар побарал да игра на терените на ФФМ.

Она што го знаеме е дека Вардар испратил неофицијално барање до Тетекс, мечот да се игра на негов терен!? Поточно на вештачкото игралиште во Тетово, каде што „Штофарите“ ги играат своите домашни мечеви. Проблемот е што овој терен во терминот одреден за второлигашката конкуренција в сабота е зафатен. Дури и на комет системот во моментов терминот на одигрување на овој меч не е познат, но оваа ситуација мора да се промени многу бргу. Вардар мора да најде терен каде ќе го одигра овој меч. Можно е мечот да се одигра вон стандардниот термин од останатите дуели во ова коло.

 

ПретходноЕмери: Бевме подобри, а Левандовски заслужи црвен картон
СледноЛазаров: Да го издржиме првиот налет на Чешка, ме радува поддршката од „фалангата“