Унаи Емери, тренерот на Виљареал секако е пресреќен што неговиот тим се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампионите по втор пат во својата историја. Синоќа шпанците одиграа 1:1 во Минхен и го елиминираа Баерн.
„Одигравме перфектно во одбаната. Тоа е единствениот начин како да добиеш тим како Баерн. Ги искористивме нашите шанси, играчите дадоа се од себе. Кога го примивме голот ни беше теко, затоа што кога погодува Баерн, погодува во серија. Игравме фер и коректно, тоа е нашиот стил. Сите имаат своја тактика, па имаме и ние. Не би коментирал друго, но Левандовски заслужи црвен картон“ – изјави Емери.