Играч на Виљареал кон Нагелсман: Плукна во вис, тоа ти се врати во лице!

273

Виљареал и пласманот на овој клуб во полуфиналето од Лигата на Шампионите, кој го елиминира гигантот Баерн Минхен, се уште е топ – тема во светските медиуми.

Јасно е дека сите во “малиот“ клуб од Шпанија се во еуфорија, а јасно е дека имаат што да кажат откако претходно беа отпишани од сите во Баерн. Посебно од тренерот Јулиен Нагелсман, кој по ждрепката изјави дека неговиот тим ќе се обиде уште по првиот меч да избори пласман во следната фаза.

Па токму затоа Дани Парехо по мечот имаше што да каже…

Тренерот на Баерн кој не го ни познава, по ждрепката не само што не го почитуваше нашиот клуб туку не го почитуваше и фудбалот како спорт. Тој кажа дека уште на првиот меч ќе обезбедат пласман во полуфиналето. Така е тоа, некогаш ќе плкунеш во вис, а плунката тие се враќа во лице“ посочи фудбалерот на Виљаерал.

ПретходноКрсто порачува: Сите во сала…..
СледноНово изненадување во Монте Карло, елиминиран и Алкараз!