Лазаров: Задоволен сум, да ми понудеа реми пред мечот со две раце ќе прифатев

293

Македонскиот селектор Кире Лазаров е задоволен од ремито на гостувањето против Чешка што значи дека шансата за пласман на СП ќе го бараме на домашен терен во реваншот.

Им честитам на момците за борбеноста и за она што го одигравме. Треба да бидеме задоволни, никој не очекуваше ваков расплет дека во еден момент ќе водиме со 17-10 игравме и во одбрана и во напад онака како што се договоривме, а на крајот ни се случи пад што ќе не држи многу будни. Јас знам дека на некој начин ги изненадивме и знам дека ќе се спремат добро и ќе биде тешко. Никогаш сме немале ваков добар резултат во бараж, меѓутоа жалам што не победивме барем со еден гол разлика затоа што заслуживме. Едноставно не знаевме да го приведеме натпреварот до крај, промашивме зицери“, изјави Лазаров.

Македонскиот селектор вели дека да му понудил некој реми пред мечот со задоволство ќе го прифатил.

„Да ми го понудеше ова некој пред натпревар со две раце ќе го прифатев затоа што ја респектираме Чешка како репрезентација, а морам да кажам дека имам горк вкус затоа што кога ќе го гледаме натпреварот одигравме добро, пожртвувано и ми е жал што не знаеме да се израдуваме и што сме тажни и нервозни поради резулатот.

Во недела ќе победи колективот ќе мораме да имаме добра ротација и само така можеме да направиме добар резултат против европска репрезентација како Чешка. Публиката да ни биде ветер во грб и мислам дека ќе бидеме поодлучни во нападот и поцврсти. Мора да бидам задоволен од тоа што го прикажавме“, изјави Лазаров.

ПретходноМакедонија со реми во Злин, пропушти златна шанса за победа
СледноФилип Талески: Можевме и тука да завршиме голема работа!