ЛШ: Атлетико ќе мора да нападне, Бенфика сонува чудо

108

По синоќешните исклучителни возбудувања во првите два реванш четвртфиналнидуели од Лигата на шампионите, вечерва уште две нови епизоди. Во 21 часот на „Ванда Метрополитано“ Атлетико Мадрид го пречекува Манчестер Сити, а во истиот термин на „Енфилд“ Ливерпул ќе го пречека тимот на Бенфика.

Во Мадрид, шпанскиот клуб ќе се обиде да ги анулира оние 1:0 кои како предност со себе од првиот меч ќе ги понесе Манчестер Сити. Бидејќи правилото за голови на гостински терен повеќе не важи на европските турнири, фудбалерите на Пеп Гвардиола не можат да сметаат на голема предност во мадрид и ќе мора мечот да го започнат, практично од „нула“.

Минатата сезона Сити стигна до финалето на Лигата на шампионите, додека Атлетико последен пат играше во полуфиналето на најпрестижниот европски клупски турнир во 2017 година.

На „Енфилд“, Ливерпул ќе има навидум лесна задача да го задржи водството од 3-1 од првиот меч во Португалија. „Црвените“ немаат пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите од сезоната 2018/19, кога по шестипат во својата историја станаа европски шампиони.

Од своја страна, Бенфика годинава бележи историски пласман во четвртфиналето, а со децении не била меѓу четирите најдобри на Стариот континент. Последен пат тоа се случи во ерата на Купот на европските шампиони во сезоната 1989/90, кога загуби во финалето против Милан.

ПретходноВојдан Стојановски: Играме пред нашите фанови, ќе дадеме се од себе!
СледноФФМ ги тестира Бамијоко, Рамадани, Јанкуловски….