Минимален пораз од Црна Гора

144

Репрезентацијата до 16. години на чело со селекторот Вујадин Станојковиќ денеска во Стара пазова, Србија одигра пријателски меч против соодветната селекција на Црна Гора. На истиот доживеавме пораз од 2:1. Противникот рано уште во 2. минута успеа да постигне погодок за преност од 1:0. Пред крајот на првиот дел, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ успеаа да го израмнат резултатот. Стрелец на погодокот за Македонија беше Никола Стојковски во 44. минута од средбата.

Во продолжението од средбата и двете селекции пропуштија по неколку добри прилики. Црна Гора со гол во 85. минута успеа да слави победа со 2:1.

Македонија: Славе Вргов, Генц Кљику, Андреј Велков, Кристијан Георгиевски, Анес Мелиќи, Оливер Савевски, Даниел Коцев, Миксимилијан Димитриевски, Алтин Алили, Никола Манојлов, Фљакрон Мемиши

ПретходноЛазаров: Да го издржиме првиот налет на Чешка, ме радува поддршката од „фалангата“
СледноФеникс на местото на Академија ФМП во Супер-лигата