Надал се уште не почнал да тренира, пропушта уште еден турнир

157

Рафаел Надал се уште не почнал да тренира поради повредата на реброто, а ќе го пропушти и следниот турнир во Барселона.

„Тој сè уште страда од болки во ребрата и очекувано му требаат четири до шест недели за да почне со работа. Досега минаа три недели, па логично тој не може да игра во Барселона“, изјавил пријател на Надал.

Надал на 22 март објави дека ќе отсуствува четири до шест недели од терените поради повреда на реброто со која се здоби на Мастерсот во Индијан Велс.

Тој поради повредата веќе ги пропушти Мастерсите во Мајами, како и првите настапи на земјена подлога во Монте Карло. По турнирот во Барселона следуваат Мастерс турнирите во Мадрид (1 до 8 мај) и Рим (8 до 15 мај), додека вториот Грен слем Грен слем турнир сезонава Ролан Гарос е на програмата од 22 мај до 5 јуни.

ПретходноТухел бесен на судијата: Јас му приоѓам, а тој се забавува во друштво на Анчелоти
СледноТен Хаг и Манчестер Ј. си подале рака за 3-годишен договор