Селекторот Кирил Лазаров и официјално ги одбра 16-те ракометари кои вечерва во Злин, во првиот меч од баражот за СП, ќе дадат се од себе да остварат добар резултат пред реваншот во Скопје.
Тука се, секако Лазаров, Миркуловски, Стоилов, Митревски… сите оние најдобрите кои нашиот селектор може да смета во овој момент. Од трибините овој меч ќе го следат Игор Ѓорѓиев и Михајло Младеновиќ.
Се разбира им посакуваме многу среќа, добар натпревар и пред се добар резултат на нашите ракометари. Мечот почнува во 20:15 часот, а реваншот се игра на 17 септември во Скопје.