СПОРТМЕДИА во Злин, Марија Ковачева
Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме, од првиот меч во баражот за пласман на СП, на гости кај Чешка, има предност од три гола (10-13). Митревски запиша седум одбрани, Талески со четири гола е прв стрелец.
Нашите момци одлично го почнаа мечот, Митревски запиша две одбрани, Кузмановски, Талески, Пешевски и Георгиевски донесоа 1-5 во деветата минута. Одбраната беше на високо ниво, изнуди технички грешки на противникот. Пропуштивме шанса за плус пет, Чешка вториот гол го постигна пред 10 минута (5-2).
Македонија влезе во криза, пет минути беше без гол, Лазаров не реализираше седмерец. Кузмановски го прекина овој период за 3-6 на средината на првото полувреме.
Три одбрани на Митревски, погодок на Лазаров и Талески одново не донесоа на плус четири (4-8) во 18 минута, беше и 5-9.
И одново пад, Јагуриновски доби исклучување, ние после пет минути реализиравме, Столе врати на 7-10 во 27 минута.
На две минути до одморот, останавме со играч помалку, Чешка дојде на минус два (9-11). Успеваме да задржиме плус три (10-13).
Најдобар стрелец во нашиот табор е Филип Талевски со четири гола.