Реми со шест гола на „Енфилд“, Ливерпул на мегдан со Виљареал во полуфинале

141

Ливерпул очекувано ја пројде Бенфика во четвртфиналето на ЛШ и се пласира во завршницата каде што ќе се бори со сензацијата Виљареал за место во финалето. „Црвените“ победија со 3:1 на првиот меч во Лисабон, па вечерва требаше само рутински да ја одработат задачата.

Ибрахим Конате го доведе Ливерпул во водство во 21. минута, а десеттина минути подоцна изедначи Рамос.

Во второто полувреме Ливерпул поведе со 3:1 со два гола на Роберто Фирмино и веќе се знаеше дека Бенфика тука ги губи шансите за сензација. До крајот на мечот само успеа да извлече реми 3:3 и да се прости од елитата оваа сезона.

Јаремчук намали, а изедначи Дарвин Нуњез.

ПретходноМанасков дојде во Злин: Не можеше на терен, ги бодреше од трибини
СледноСити го преживеа пеколот на „Метрополитано“ и се пласира во полуфиналето на ЛШ