Сити го преживеа пеколот на „Метрополитано“ и се пласира во полуфиналето на ЛШ

123

Екипата на Манчестер Сити е патник во полуфиналето на Лигата на шампионите откако вечерва одигра без голови на „Метрополитано“ против Атлетико. Тој резултат беше доволен за „граѓаните“ да поминат во наредната фаза.

За разлика од првиот меч овојпат Атлетико притиснат од поразот од 1:0 на првиот меч заигра нешто поофанзивно, посебно во вториот дел кога Симеоне напаѓаше и со тројца-четворица играчи пред противничкиот гол. „Граѓаните“ во првиот дел можеа да постигнат гол, но ударот на Гундоган заврши во стативата. Тогаш Атлетико „преживеа“, а свати дека мора да заигра подобро и да проба да загризе силно.

Имаа шанси „јорганџиите“ за гол во завршницата меѓутоа и покрај жестоките обиди ниту една шанса не се претвори во гол. На крајот Сити патува во полуфинале, а таму ќе игра со Реал Мадрид.

ПретходноРеми со шест гола на „Енфилд“, Ливерпул на мегдан со Виљареал во полуфинале
СледноШироки го победи Спарс и си закажа полуфинале со МЗТ Скопје!