Ерик тен Хаг и Манчестер Ј. си подале рака за условите од личниот договор на холандскиот стручњак кој во јуни се сели на кормилото на великанот од „Олд Трафорд“. Како што објави весникот „Дејли Меил“, договорот е постигнат вчера, по што се знае дека Тен Хаг и Јунајтед ќе се обврзат на 3-годишна соработка.
Англискиот печат пишува дека Ерик тен Хаг би можел да потпише и за четири сезони со Манчестер Јунајтед, но најверојатно проблем е сумата која Манчестер Ј. треба да му ја исплати на Ајакс како обештетување за неговиот предвремен раскин на договорот.