Тухел бесен на судијата: Јас му приоѓам, а тој се забавува во друштво на Анчелоти

568

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, по елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите беше особено незадоволен по мечот поради една работа. Тоа, според неговите зборови, е однесувањето на главниот судија Симон Марчињак од Полска.

По натпреварот германскиот стручњак му замери на главниот судија за неговото однесување во друштво на Карло Анчелоти, тренерот на Реал.

„Се разочарав кога видов дека судијата одлично се забавуваше во друштво на Анчелоти по натпреварот“, ја започна Тухел прес-конференцијата.

„Знам дека Карло е џентлмен и добар човек, но кога дојдов да му се заблагодарам, ги видов како гласно се смеат. Мислам дека тоа беше грд момент по 126 минути немилосрдна борба до самиот крај и последниот атом сила. Едноставно, тајмингот беше лош и тоа му го кажав по натпреварот“, изјави Тухел.

ПретходноНадреална сцена во НБА: Истрча на терен и се обиде да се залепи за паркетот!?
СледноНадал се уште не почнал да тренира, пропушта уште еден турнир